Реал ќе му понуди нов договор на Лука Модриќ

Реал Мадрид ќе му понуди нов договор на капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ и покрај тоа што во септември ќе наполни 40 години, најави Никола Шира, италијански новинар и експерт за фудбалски трансфери.
Во објава на социјалната мрежа „Х“, тој напиша дека Реал сака да го задржи својот капитен и следната сезона и дека ќе му понуди договор до летото 2026 година.
Исто така, се наведува дека Модриќ сака да ја продолжи својата кариера бидејќи сонува да игра со хрватската репрезентација на Светското првенство во 2026 година.
Модриќ е во Реал од 2012 година. Тој е најтрофејниот играч на „кралскиот клуб“, шест пати ја освои Лигата на шампионите, четири пати бил шампион на Шпанија.