Фановите на Ваљадолид бараат рефундирање на парите од фудбалерите

Навивачите на Ваљадолид преку официјално соопштение му пишаа на клубот по дебаклот на натпреварот со Атлетик, одигран вчера на „Сан Мамеш“ во Билбао и бараат да им се вратат парите што ги платиле за билетите.
Тимот од „Зориља“ го претрпе најтешкиот пораз (7:1), во инаку очајната сезона во која го зазема последно место на табелата во Ла Лига.
Во претходното коло Ваљадолид беше поразен на домашен терен од Севиља со 0:4, но срамот во Баскија беше последната капка која ја пречи чашата во односнот меѓу навивачите и клубот.
Официјалната навивачка група на Ваљадолид излезе со соопштение во текот на вечерта и испрати повеќе од јасна порака до играчите и клубот по срамниот настап во Билбао.
Тие бараат од играчите да ги покријат трошоците за нивните билети за натпреварот.
„Вече не станува збор за победи, нерешени и порази, не станува збор ниту за опстанок во лигата, туку за фактот дека најмалку што бараме од тимот е да излезе на теренот и да се бори. Ве известуваме дека писмено побаравме од клубот да ги надомести трошоците за гостински билети за навивачите кои отпатуваа во Билбао, а парите ќе треба да ги рефундираат играчите од првиот тим на Ваљадолид“, се вили во соопштението.