Моизе Кин пратен на домашно лекување по повредата на главата

Фудбалерот на Фиорентина, Моизе Кен е пуштен од болница откако се здоби со повреда на главата на вчерашниот натпревар против Верона.

Иако на почетокот се чинеше дека се работи за посериозна повреда, клубот денеска соопшти дека Кин е пуштен на домашно лекување и дека сите тестови се добри.

Првотимецот на „виолетовите“ синоќа од Верона се врати во Фиренца.

„Сите клинички тестови беа негативни, ќе остане само лузна“, се наведува во клупското соопштение.

Најдобриот стрелец на Фиорентина оваа сезона нема да игра во следната рунда против Лече.