Џејлен Хорд пак се повреди, нови грижи за Макаби

Кошаркарите на Макаби Тел Авив имаат лоша сезона во Евролигата, а нова главоболка доаѓа во играчкиот кадар.

Одново тимот ќе биде без најдобриот кошаркар Џејлен Хорд, кој тукушто се опорави од повреда на ногата, одново ќе мора на пауза.

Дополнителните прегледи покажаа дека Американецот со француски пасош има скинат мускул поради кој ќе биде надвор од терените.

Оваа сезона Хорд имаше просек од 15 поени, 5,1 скок, 1,4 асистенции и 1,3 украдени топки во Евролигата.