Милан нема да го откупи Жоао Феликс

Иднината на Жоао Феликс во Милан е доведена под знак прашалник. Милан одлучил да не преговара за постојан трансфер на Феликс ова лето, оставајќи го напаѓачот на Челзи во неизвесност околу неговата иднина за следната сезона.

„Калчомеркато“ пишува дека 25-годишниот фудбалер допрва треба да покаже дека заслужува место во тимот на Милан за следната сезона, затоа што „росонерите“ не се задоволни од неговите игри, особено што досега тој не успева да постигне гол во Серија А откако во јануари му се приклучи на Милан на позајмица. Италијанскиот клуб има опција да го ангажира Феликс за околу 41 милион евра ова лето, но таа сума е преголема за она што Феликс го покажува на теренот.