Вилмотс жестоко го нападна Куртоа

Тибо Куртоа се врати во репрезентацијата на Белгија откако пред 22 месеци одби да игра за „црвените ѓаволи“.
Неговата одлука тогаш беше пред се поради конфликтот со поранешниот селектор Доменико Тедеско, а основата беше капитенската лента која му припадна на Ромелу Лукаку. Враќањето на Куртоа доведе до откажување на Кјоен Кастелс, кој беше стартен голман во негово отсуство во последните две години.
Сега Марк Вилмотс, кој ја водеше Белгија од 2012-2016 година, не го криеше незадоволството од враќањето на Куртоа и го опсипуваше со критики.
„Не би го повикал, би ги пропуштил и тие два натпревари. Прво ќе видам и слушнам од тимот, ќе дознаам што мислат играчите за проблемот. Би разговарал и со Кастилс, би им покажал почит на оние што се тука во последните две години и дури тогаш можеби би го вратил Куртоа. Тој ја затвори вратата на националниот тим една недела пред неговата венчавка“ изјави Вилмотс.
Новиот тренер Руди Гарсија призна дека ќе разговара со Куртоа за тоа што се случило пред речиси две години.
„Тибо е еден од најдобрите голмани во светот, ако не и најдобар. И прекрасно е што го имаме во тимот. Сите ќе зборуваме за тоа што се случи, но тоа се случи еднаш. Веќе отворивме ново поглавје и сакаме да одиме напред”, додаде Гарсија.