Приходот од „вечното дерби“, Пелистер ќе го донира за семејствата за настраданите во Кочани

Управата на македонскиот прволигаш Пелистер денес ја информира јавноста дека сите средства собрани од продажба на билети за натпреварот против Вардар во ПМФЛ ќе бидат донирани на семејствата на загинатите и повредените во страшната трагедија во Кочани.

Пелистер ќе го пречека Вардар во рамките на 25. коло, а цената на билетите ќе изнесува 200 денари. Битолчани ги повикуваат сите симпатизери и љубители на фудбалот да се приклучат на оваа хуманитарна акција и да дојдат во што поголем број да го проследат мечот на вечните ривали.

Натпреварот помеѓу Пелистер и Вардар е закажан за 29 март (сабота), со почеток во 15:00 часот.