Ваљадолид го намачи Атлетико, но сепак загуби на „Ванда Метрополитано“

Ваљадолид кој веќе реално е испаднат иако не и теоретски, му пружи силен отпор на Атлетико Мадрид на Ванда Метрополитано, сепак домаќинот успеа да слави со 4-2.
Резултатот го отвори Сиља во 21. минута кога погоди од пенал за водство на Ваљадолид од 1-0. Студен туш за домаќините.
Но, некоја минута подоцна беше покажан пенал и за Атлетико Мадрид кој го реализираше Алварез за израмнување на 1-1.
Веќе во 27. минута Симеоне даде гол за комплетен пресврт и водство на Атлетико од 2-1.
По десет минути игра во второто полувреме Санчез даде гол од слободен удар со помош на живиот ѕид на Атлетико Мадрид за израмнување на 2-2. Повторно непријатна ситуација за домаќинот.
Во 71. минута беше досуден нов пенал за Атлетико Мадрид, и овојпат реализираше Алварез за предност од 3-2.
Осум мунути подоцна Сорлот ги постави конечните 4-2 за Атлетико со што ги реши сите дилеми околу победникот.
Само прашање на време е кога Ваљадолид и теоретски ќе испадне од Ла Лига, а Атлетико Мадрид уште се надева дека може да ги стигне Реал Мадрид и Барселона.