Евролигата ќе седне на заедничка маса со ФИБА и НБА лигата

Претседателот на турскиот кошаркарски гигант, Фенербахче свика состанок на сопствениците на клубовите во Евролигата. Според најавата, сопствениците на евролигашките тимови ќе се сретнат во Истанбул.

Претседателот на Фенербахче Али Коч ги повика сопствениците на клубовите од Евролигата на состанок следниот викенд во Истанбул за заеднички да одговорат на предлогот на НБА и ФИБА.

Како што истакнува новинарот Марк Мунде, многу е тешко да се замисли дека на средбата ќе бидат присутни Флорентино Перез (Реал Мадрид) и Жоан Лапорта (Барселона).