Гасперини: Мојата Аталанта ја исполни зацртаната цел

Фудбалерите на Аталанта доцна синоќа ја совладаа Рома со 2:1 и обезбедија место во Лигата на шампионите за наредната сезона. Нивниот тренер, Џан Пјеро Гасперини, изјави дека тоа е големо достигнување за тимот од Бергамо.
„Точно е дека пред неколку недели бевме рамо до рамо со Интер и Наполи во борбата за титулата но, нашата главна цел отсекогаш беше пласман во топ 4“ – рече Гасперини.
Аталанта со четири победи во последните пет мечеви успеа да ја исполни целта.