Ајакс прими гол во 99. минута и титулата е на пат за Ајндховен

Неверојатна завршница има сезоната 2024/2025 во Холандија. Фудбалерите на Ајакс го загубија првото место во Ередивизие откако испуштија победа во Гронинген во претпоследното 33. коло со 99.минута со играч повеќе.

Двапати славниот клуб од Амстердам водеше на стадионот „Еуроборг“ со головите на Антон Гои во 27. минута и Ваут Вегорст во 68.минута, но домашните не се предадоа.

Првиот пат израмнија во 52. минута преку Том ван Берген, а потоа во деветтата минута од судиското продолжение со гол на 20-годишниот Тијмен Блокзијл.

За да биде сè уште пошокантно, Ајакс е од 90+3.минута, имаше играч повеќе на теренот откако фудбалерот на Гронинген, Лучијано Валенте доби црвен картон.

ПСВ знаеше како да ги искористи киксот на големиот ривал и со убедлива победа на стадионот „Филипс“ против Хераклес од 4-1 ја презеде челната позиција на табелата во пресрет на последното коло.

Сè беше решено веќе во првото полувреме: Малик Тилман (18, 40) и Исмаел Салибари (21, 35) постигнаа по два гола за клубот од Ајндховен.

Нереално е како Ајакс испушти голема предност во финишот од првенството. Во последните четири кола од можни 12 освои само – два бода (Утрехт 0-4, Спарта 1-1, НЕЦ 0-3, Гронинген 2-2).