Од Леверкузен демантираат дека Вирц заминува во Баерн

Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро, ги негираше информациите дека плејмејкерот на екипата, Флоријан Вирц, се согласил да се приклучи на шампионот на Бундеслигата, Баерн Минхен.

„Знам дека ова не е вистина и досадно е да се читаат статии што не се вистинити“, изјави Каро за „РТЛ“.

Тој исто така рече дека клубот има добри односи со Вирц и неговите родители, а неговиот татко е и негов агент.

„Секако, Флоријан мора да размисли за својата иднина, но во моментов не знаеме за никаква негова одлука. Тоа е вистината“, рече и Фернандо Каро.

Весникот „Билд“ веќе објави дека 22-годишниот германски репрезентативец Вирц се согласил да се приклучи на Баерн ова или следното лето за 100 милиони евра.

Играчот од средниот ред има договор со „Фармацевтите“ до летото 2027 година, а за него е заинтересиран и Манчестер Сити. Пеп Гвардиола, го сака Вирц како замена за Кевин де Бруин, кој го напушта Сити.

Семејството на Флоријан Вирц отпатува во Манчестер во вторникот, но сè уште нема коментари за тоа што се случило на англиска почва.