Конте од следната сезона се враќа во Јуве?

Италијанските познавачи на фудбалот и дел од медиумите наведуваат дека луѓето од Јувентус ќе се обидат да го вратат Антонио Конте на тренерската позиција.
Искусниот стратег засега има добра сезона со Наполи бидејќи е во трката за титулата во Серија „А“. Неговото име и претходно се поврзуваше со „старата дама“.
Конте работеше во екипата од Торино од 2011 до 2014 година, освојувајќи 3 последователни титули во елитниот фудбалски шампионат на Италија.