Стојковски си замина од претседателското место во Пелистер

Легендата на македонскиот и битолскиот фудбал, Митко Стојковски се повлече од функцијата на претседател на ФК Пелистер.

Пелистер заврши на шестото место на табелата, но очекувањата на навивачите беа уште поголеми, па многу често нивното незадоволство беше насочено кон раководните структури.

Стојковски заминува, а од наредната сезона Пелистер ќе има нов претседател кој можеби ќе донесе поуспешни ветришта во фудбалска Битола.

„Заминувам од позицијата претседател на клубот и во иднина ќе бидам најголем навивач на Пелистер. Ќе останам само до транзициониот период кога ќе биде назначен новиот претседател. Главната цел според предвидениот буџет – опстанокот и стабилизацијата на клубот во Првата лига ја остваривме. Сепак, втората цел, која е финансиска стабилност на клубот не ја остваривме.

Една од причината за моето заминување е и непочитувањето кон клубот на тие што треба да го бодрат и во најтешките моменти. Му посакувам само успеси на клубот во иднина“, рече претседателот Митко Стојковски.