Милан го продава Рајндерс за да ги купи Ричи и Лука

Милан размислува да го продаде Тиџани Рајндерс за 75+ милиони евра и со овие пари да донесе две засилувања – Самуеле Ричи од Торино и Лоренцо Лука од Удинезе.

Манчестер Сити и Реал Мадрид се сериозни во својата намера да го ангажираат Тиџани Рајндерс и ќе го стават Милан во искушение со богати понуди.

Се говори дека „росонерите“ се подготвени да го продадат Холанѓанецот доколку на маса биде ставен предлог од 75+ милиони евра.

Со овие пари, клубот од Сан Сиро ќе донесе две засилувања – првото ќе биде директна замена за самиот Тиџани Рајндерс.

Изборот е паднат на Самуеле Ричи од Торино, чиј трансфер ќе чини околу 30-35 милиони евра.

Второто засилување ќе биде за нападот со оглед на тоа дека Тами Абрахам и Лука Јовиќ немаат иднина во Милано.

На радарот на Милан е Лоренцо Лука од Удинезе, кој има цена од 30 милиони евра.