Матеус Куња пред трансфер во Јунајтед

Манчестер Јунајтед е на чекор да го обезбеди потписот на бразилскиот фудбалер, Матеус Куња од екипата на Вулверхемптон.

Офанзивниот играч од средниот ред ја прифатил понудата на „црвените ѓаволи“ за да се пресели на стадионот – „Олд Трафорд“. Сега останува челниците на двата тима да ја договорат трансферната сума иако играчот има ослободителна клаузула од 62 милиони фунти.

Според најавите, Јунајтед ќе плати нешто повеќе но, тоа ќе биде на рати за да се испочитува финансискиот фер-плеј.