Ливерпул му го краде Вирц на Баерн

Еден од најбараните играчи во Европа, Флоријан Вирц, е блиску до преселба во Ливерпул, објави германскиот „Скај Спортс“.
Се зборуваше дека може да оди во Баерн или во Манчестер Сити, но неговиот траснфер на „Енфилд“ практично е завршен.
Наводно, најдобриот играч на Баер Леверкузен му реклол „да“ на актуелниот шампион на Англија откако разговарал со менаџерот Арне Слот.
Сега е ред на клубот, Ливерпул треба да испрати понуда до Леверкузен, а Германците се оптимисти и се надеваат дека сè треба да биде завршено наскоро.
Тоа би можел да биде рекорден трансфер во историјата на Ливерпул.
Вирц го имаше своето деби во Бундеслигата како 17-годишник, учествуваше во освојувањето на титулата минатата година и постигна вкупно 16 гола во сите натпреварувања оваа сезона.