Роналдо го продаде Ваљадолид

Ваљадолид испадна од Примера, но неговите навивачи денес слават. Клубот објави дека Роналдо Назарио повеќе не е сопственик.
„Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на Ваљадолид, Роналдо Луис Назарио де Лима, објавува дека потпишал договор за продажба на поголемиот дел од акциите на инвестициска група од Северна Америка, која е поддржана од фонд од Европа“, се вели во соопштението за медиумите на Ваљадолид.
Навивачите во последно време протестираа против Роналдо, кој на крајот сфати дека е најдобро да се повлече.
Особено, бура од незадоволство кај навивачите предизвика снимката на која се забележува Бразилецот како пијан излегува од ноќен клуб додека клубот грчевиот се бореше за опстанок.