Гарначо и Аморим не се „мирисаат“, Аргентинецот заминува од Манчестер

Оваа сезона на “Олд Трафорд” ќе се памети како една од најнесреќните во историјата на клубот, и покрај финалето на Лига Европа. Има многу незадоволни, а прв на таа листа изгледа е Алехандро Гарначо.
Аргентинскиот напаѓач беше исклучително гневен по поразот на Јунајтед од Тотенхем во финалето на Лига Европа кога доби само 20 минути на терен. Токму тоа е причината зошто Гарначо сака да ја смени средината.
Гарначо и пред овој меч имаше одредена доза незадоволство, а одлуката на Аморим да го вклучи Маунт во стартната постава наместо него само дополнително го налути. Сега Аргентинецот бара излез од клубот.
Гарначо одигра 36 натпревари во Премиер лигата, постигна шест гола и додаде две асистенции, но често започнуваше на клупата или беше заменуван како стартер. Тоа е најголемиот проблем за него, бидејќи сака сигурно место во стартниот состав.
Веќе во претходната зима се зборуваше дека Гарначо може да го напушти „Олд Трафорд“, се споменуваше Челси, но тогаш тој трансфер не се реализираше. Можеби овој пат…