Чаби Алонсо официјално ќе го наследи Анчелоти во Реал

Реал Мадрид доби нов тренер, Чаби Алонсо се враќа на „Сантијаго Бернабеу“, овојпат како стратег на кралскиот клуб.
Шпанскиот тренер официјално е именуван за наследник на Карло Анчелоти, откако со Баер Леверкузен имаше блескава сезона и ги освои титулите во Бундеслигата, Купот и Суперкупот на Германија.
Алонсо и минатото лето беше мета на големи клубови Ливерпул и Баерн силно го посакуваа, но тој реши да остане уште една сезона со Леверкузен. Сега, кога Спортинг го презеде Слот, а Баерн му верува на Компани, Реал ги заврши преговорите и го донесе Алонсо пред Мундијалот за клубови.
„Чаби Алонсо ќе биде тренер на Реал Мадрид во следните три сезони – од 1 јуни 2025 до 30 јуни 2028“, соопшти клубот. Презентацијата е закажана за утре во 12:30 часот по средноевропско време во „Сиудад Реал Мадрид“.