Деталите од договорот на Лиам Делап со Челзи се изјавени

22-годишниот напаѓач на Ипсвич, Лиам Делап, официјално се приклучи на Челзи во трансфер вреден околу 30 милиони фунти. Англискиот репрезентативец потпиша шестгодишен договор со клубот од Стамфорд Бриџ, што ќе го задржи таму до 2031 година. 

По испаѓањето на Ипсвич од Премиер Лигата, во договорот на Делап се активираше откупна клаузула што јго овозможи неговота заминување. Делап постигна 12 голови и 2 асистенции на 40 настапи минатата сезона, оставајќи силен впечаток и покрај тешкотиите на тимот. Неговите настапи привлекоа интерес од неколку премиерлигаши, вклучително и Манчестер Јунајтед и Њукасл, но на крајот Челзи успеа да го обезбеди неговиот потпис. 

По потпишувањето на договорот, Делап изјави: „Растејќи гледајќи го овој клуб, ја разбирам неговата големина и исто така колку неверојатен бил низ годините.“ 

„Сакав да дојдам во Челзи за да освојувам трофеи… кога разговарав со клубот, сите имаа желба да се вратат на самиот врв, со амбиција да продолжат да освојуваат трофеи и да го вратат клубот таму каде што му е местото – тоа е главната цел.“ 

Овој трансфер претставува и повторно здружување со неговите поранешни соиграчи од младинската академија на Манчестер Сити – Кол Палмер и Ромео Лавија – како и со тренерот Ензо Мареска, кој соработуваше со Делап во младинскиот состав на Сити. Одлуката на играчот, според извори блиски до него, била силно влијаена од запознаеноста со стручниот штаб и долгорочната визија на Челзи. 

Со доаѓањето на Делап, Челзи ќе добие дополнителна сила во нападот, подготвувајќи се за напорната сезона 2025/26, која вклучува и учество на ФИФА Светското Клупско Првенство. Овој трансфер ја нагласува посветеноста на клубот на младите играчи и долгорочниот развој, што е клучна стратегија на сегашното раководство на клубот.