Индијана поведе во финалето на НБА плеј-офот

Кошаркарите на Индијана Пејсерс победија во Оклахома со 111-110, во првиот финален натпревар од НБА лигата.
Пјесерс победија со поените на Тајрис Халибартон во последната секунда од натпреварот.
Претходно МВП-то на лигата, Шеј Гилџес-Александер имаше шут за победа на 11 секунди пред крајот на 110-109, но промаши.
Халибартон ја зеде топката и на 0,3 секунди пред крајот, со скок-шут постигна поени за прво водство на Пејсерс во натпреварот и за победа.
Халибартон го заврши натпреварот со 14 поени, но вистински херој беше Паскал Сијакам со 19 поени и 10 скока. Арон Најсмит оствари дабл-дабл со 10 поени и 12 скока, а Мајлс Тарнер имаше 15 поени и девет скока.
На Оклахома не ѝ помогна уште еден MВП настап од 38 поени на Шеј Гилџес-Александер. Џејлен Вилијамс додаде 17 поени, а Лугенц Дорт 15 поени.
Вториот натпревар од финалната серија е закажан за во понеделник, исто така во Оклахома.