Вардар го претстави Иван Чупиќ за свој нов предводник

Легендарниот ракометар на Вардар, Иван Чупиќ, ја доби довербата од управата и ја презеде тренерската функција во поранешниот европски шампион. 39-годишниот Хрват денеска на официјалната прес-конференција ги изнесе неговите размислувања.

„Многу сум среќен но, и благодарен до мојот клуб Метковиќ бидејќи веднаш кога дојде повикот од Вардар ми дозволи да заминам. Сите знаете колку ми значи Вардар, Скопје и Македонија како и „Комити“. Сакам да ветам дека јас и целата моја екипа мора да понесеме одговорност, да бидеме почестени што претставуваме еден голем клуб како Вардар“ – рече Чупиќ.

„Сакам овој град повторно да заживее за Вардар. Со огромен ентузијазам и желба сакам да ги исполниме целите. Јас сум многу задоволен од тимот со кој ќе располагам. Не барам играчи, задоволен сум“ – рече Чупиќ кој работеше во Загреб и Метковиќ.