Белгиецот Дрис Мертенс најави фудбалска пензија

Долгогодишниот белгиски фудбалски репрезентативец Дрис Мертенс објави дека се повлекува од професионалниот фудбал. 38-годишниот фудбалер изјави дека сепак ќе игра на прошталниот натпревар на Марек Хамшик, неговиот поранешен соиграч во Наполи.
Дрис Мертенс ги помина претходните три сезони со Галатасарај во турското првенство. Пред тоа, тој играше и за Утрехт, ПСВ и Наполи. Белгиецот помина девет сезони во италијанскиот клуб со кој двапати го освои Купот на Италија и еднаш Суперкупот на Италија.