Џон Текстор заминува од Кристал Палас

Кристал Палас потврди дека е склучен договор за прекин на соработката со Џон Текстор.
Претходно беше потенцирано дека ко-сопственикот потпишал договор за продажба на неговиот дел од 43 проценти на Вуди Џонсон за 190 милиони фунти.
Текстор беше принуден да ги продаде акциите бидејќи е главен акционер и на францускиот состав Лион кој како и Кристал Палас обезбеди место во Лига Европа.