Србљак се повреди и го заврши турнирот во Загреб

Македонскиот тенисер Горазд Србљак го предаде мечот од првото коло на ИТФ фјучрсот М15 Загреб против седмиот носител Никита Маштаков од Украина. Во моментот на прекин резултатот беше 1-1 во сетови и по пет одиграни гемови 4-1 во гемови за противникот.

Србљак го доби првиот сет со 6-4 во гемови, иако противникот почна со водство од 2-0, но македонскиот тенисер направи пресврт и поведе со 4-2 и предноста ја имаше и накрајот на првиот сет. Во вториот сет под 2-1 за Србљак, Маштаков дојде до предност од 4-2 и успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет во четвртиот гем Маштаков направи брејк и поведе со 3-1 во гемови, а по завршувањето на следниот гем Србљак поради повреда го предаде мечот. Во моментот на прекин мечот траеше 2 часа и 45 минути.

Утре во второто коло Калин Ивановски на истиот турнир ќе игра против вториот носител Душан Обрадовиќ од Србија.