Нико Гонзалез по само шест месеци си оди од Сити?

Нико Гонзалез размислува за заминување од Манчестер Сити и покрај тоа што се пресели на Етихад само пред шест месеци, фудбалерот од средниот ред може да направи изненадувачки трансфер во Саудиска Арабија.
Пеп Гвардиола и Манчестер Сити инвестираа преку 200 милиони во засилувања во зимскиот преоден рок по лошиот старт на сезоната, а едно од новите имиња беше Нико Гонзалез, кој требаше да биде замена за повредениот Родри.
Сепак, фудбалерот од средниот ред не успеа посериозно да се наметне во првиот тим, па шест месеци подоцна се говори за негово заминување од Етихад.
Посредници почнале да опипуваат терен за трансфер, има и такви кои му нудат на Нико Гонзалез преселба во Саудиска Арабија.
Останува да се види каква ќе биде иднината на 23 годишниот Шпанец за кого беа платени 60 милиони евра во јануари.