Ирански судија ќе го води финалето меѓу ПСЖ и Челзи

Иранецот, Алиреза Фагани, ќе го суди финалето меѓу Пари Сен Жермен и Челзи на Светското клупско првенство во фудбал во САД.
47-годишниот судија со знакот на ФИФА ќе биде на центарот на утрешниот меч во Њу Џерси кој ќе започне во 21.00 часот. Фагани стана судија на ФИФА во 2008 година и беше дел од финалето на Олимписките игри во Бразил.
Тој го судеше и натпреварот за бронза на Мундијалот во Русија како и два меча во групната фаза на Светското првенство во Катар.