Ракитиќ доби нова улога во Хајдук Сплит

Фудбалскиот клуб Хајдук од Сплит соопшти денес дека поранешниот репрезентативец на Хрватска, Иван Ракитиќ, ја преземал функцијата технички директор на клубот.
Во новата улога, 37-годишниот Ракитиќ ќе биде еден од соработниците на спортскиот директор Горан Вучевиќ, а како што истакна, целосно е посветен на новите предизвици.
„Благодарен сум на претседателот Иван Билиќ и на спортскиот директор Горан Вучевиќ за дадената доверба. Сакам да помогнам на Хајдук и тоа е моментално мојата единствена цел и мотивација. Подготвен сум да работам и да дадам се од себе, за клубот да напредува, а Хајдук во мене ќе има на располагање целото мое знаење, искуство и контакти во светот на фудбалот. Навивачите можат да очекуваат истиот труд и пот што го давав како играч, и сега во оваа нова улога“; изјави Ракитиќ.