Николас Џексон на излезна врата во Челзи

Првите луѓе на Челзи не ја исклучуваат можноста за продажба на напаѓачот Николас Џексон доколку стигне соодветна понуда, иако Енцо Мареска сè уште го цени играчот.

Многу работи ќе зависат и од самиот Џексон и дали сака да биде главен напаѓач во друг клуб. Челзи претходно го потпиша Лиам Делап на таа позиција , а Жоао Педро ќе се користи почесто како број 9 доколку Чави Симонс се приклучи на тимот. Ова потенцијално би можело да го намали времето на игра на Џексон.

Николас Џексон неодамна им беше понуден на Њукасл , Манчестер Јунајтед и Милан, а првите два клуба одлучија да се фокусираат на Бенџамин Шешко, наместо да започнат преговори во овој момент.

Според изворот, останува реална можност Џексон да го напушти тимот – неколку клубови се заинтересирани за играчот и веројатно ќе му се обратат на Челзи во август.

Минатата сезона, 24-годишниот Сенегалец постигна 10 гола и имаше пет асистенции во 30 натпревари од Премиер лигата.