Кунде го потпиша договорот и ја продолжи „љубовта“ со Барса

Барселона и Жил Кунде постигнаа договор за нов долгорочен договор, со кој францускиот дефанзивец ќе остане на „Камп Ноу“ и покрај постојаниот интерес од Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.
Според информациите од новинарот Фабрицио Романо, Кунде парафирал нов договор до 2030 година. Документите веќе се одобрени од клубот и адвокатите на играчот, а остануваат само формалностите да се финализираат.
Тековниот договор на 26-годишниот Французин беше важечки до 2027 година, но гласините за можен трансфер во Манчестер Сити добија на интензитет во летото. Англискиот шампион бараше алтернатива за Кајл Вокер и откако се откажа од Тино Ливраменто, го насочи своето внимание кон Кунде. Сепак, Барселона успеа да го убеди да остане и да се обврзе на клубот уште пет сезони.
Минатата сезона, Кунде одигра 53 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигна четири гола, вклучувајќи го и прекрасниот гол во финалето на Кралскиот куп против Реал Мадрид.