Бриж попушти, Јашари пред потпис со Милан

По долги и напорни преговори, Милан и Клуб Бриж конечно ја затворија зделката за трансферот на Ардон Јашари. Младиот швајцарски репрезентативец со македонски корени од ова лето ќе го носи дресот на „росонерите“.

Јашари беше главна мета за средниот ред на Милан, но Белгијците тврдо стоеја на својата цена од 40 милиони евра, додека понудата од Италија се движеше до 38 милиони. Сепак, пресвртот се случил вчера, кога самиот фудбалер јасно им дал до знаење на челниците на Бриж дека сака само во Милан, и покрај интересот од клубови од Премиер лигата. Клучен бил и телефонски разговор помеѓу Џорџо Фурлани и претставник на белгискиот клуб, по што бил постигнат договор.

Милан ќе плати 34 милиони евра, плус уште три во бонуси. Со тоа, Јашари станува еден од најскапите излези во историјата на белгискиот фудбал. Јашари е голем навивач на Милан од детството и ова лето направи сè што може за да го реализира својот сон. Во наредните денови се очекува да пристигне во Милано и да потпише четиригодишен договор.

Фудбалерот е роден во Швајцарија, но има и македонски пасош, бидејќи неговите родители потекнуваат од Куманово.