Игор Ангеловски ја презема Приштина?

Игор Ангеловски би можел да се врати на фудбалот и тоа во Косово, каде што е сериозен кандидат за нов шеф на стручниот штаб на екипата на Приштина, јавуваат албанските медиуми.

Клубот од Приштина е во потрага по наследник на Арсим Таќи, а Ангеловски во моментов се споменува како главен фаворит за оваа позиција. Според истите извори, преговорите се во напредна фаза и постои голема веројатност двете страни наскоро да постигнат договор. Во меѓувреме, тимот го води Блерим Буњаку, досегашниот асистент на Таќи.

Ангеловски најголемиот успех го запиша како селектор на Македонија, кога ја одведе репрезентацијата на историскиот настап на ЕУРО 2020. Последниот клуб што го водеше беше казахстански Каспиј, од кој си замина во јули 2023 година. Претходно јаводеше и хрватска Горица, а пред ангажманот во национал