Синот на Иван Марковски потпиша за Црвена Звезда

Црвена Звезда традиционално посветува внимание на фудбалските таленти од македонското поднебје, а во иднина „црвено-белиот“ дрес ќе го носи и уште еден македонски играч со голем потенцијал.
Се работи за Павел Марковски, 16-годишен фудбалер кој веќе се адаптира на новите соиграчи од редовите на српскиот гигант и добива шанса да продолжи да ја гради кариерата во младинската академија на поранешниот европски шампион.
Марковски првите фудбалски чекори ги има направено во ЛЏ Битола, а по краткиот престој во Франција, се враќа во Пелистер, од каде по една сезона станува член на младинската академија на Работнички.
Павел потекнува од спортско семејство, односно е син на нашето легендарно ракометно крило, Иван Марковски.