Евертон потпиша со Диблинг од Саутемптон

Екипата на Евeртон објави на социјалните мрежи дека го ангажирала досегашниот фудбалер на Саутемптон, Тајлер Диблинг.

Крилниот напаѓач се согласил да потпише договор за четири сезони. Според информациите основата на трансферот е 35 милиони фунти но, ќе бидат вклучени и одредени бонуси.

Младиот играч кој има само 19 години, во претходната сезона одигра 33 натпревари во Премиер лигата и постигна 2 гола.