Тухел го врати Рашфорд во репрезентацијата на Англија

Селекторот на Англија, Томас Тухел, денеска го објави списокот на фудбалери за квалификациските дуели за СП со Андора и Србија.
На него не се најде Кол Палмер, кој поради полесна повреда ќе мора да паузира. Изненадување претставува и отсуството на Трент Александар-Арнолд кој од трансферот во Мадрид не игра во формата со која го носеше дресот на Ливерпул.
Надвор од конкуренција е и Џуд Белингам, кој по завршувањето на Светското првенство мораше да оди на операција на рамото. Од друга страна, тука е Маркус Рашфорд, кој летово стави крај на соработката со Манчестер јунајтед и направи трансфер во Барселона, па сега доби и повик во репрезентацијата.