Јуве и РБ Лајпциг преговараат за Опенда

Јувентус отвори преговори со РБ Лајпциг за потпишување на напаѓачот Лоис Опенда, пишува новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг. 25-годишниот Белгиец е посакуван и од клубови од Премиер лигата, вклучувајќи ги Сандерленд и Астон Вила.
„Биковите“ го проценија својот играч на 40 милиони евра.
Опенда има договор со Лајпциг за уште три сезони, но германскиот клуб е подготвен да го продаде сега. Тимот дури го насочи вниманието кон неговата замена – Конрад Хардер од Спортинг Лисабон.
РБ Лајпциг го потпиша Опенда пред две години од Ленс. Белгиецот има 92 настапи за германскиот клуб, во кои постигна 41 гол.