Јан Зиелковски потпиша за Рома

Италијанскиот фудбалски состав, Рома, успеа да го ангажира дефанзивецот, Јан Зиелковски, објави официјалната веб-страница на калчо-лигашот.
Договорот со 20-годишниот Полјак ќе биде валиден до летото во 2030 година. Тој доаѓа од екипата на Легија.
Корпулентниот стопер во претходната сезона се појави на 28 натпревари, постигна 2 гола и имаше 2 асистенции.