Нови неприлики за Тухел, се повреди и Стоунс

Англија ќе мора да се снаоѓа без Џон Стоунс на квалификациите за следното Светско првенство против Андора и Србија.
Дефанзивецот на Манчестер Сити пристигнал во кампот на репрезентацијата со мускулна повреда и селекторот Томас Тухел одлучил да го поштеди за оваа акција.
„Стоунс се појави со блага мускулна повреда, но закрепнувањето не одеше според очекувањата. Не сакаме да ризикуваме“, изјави Тухел.
Ова е уште еден удар за Англичаните, кои претходно останаа и без Џуд Белингем, Кол Палмер и Букајо Сака.