УЕФА следната недела во Тирана носи важни одлуки за европските финалиња

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави дека состанок на нејзиниот Извршен комитет ќе се одржи во Тирана на 11 септември, на кој ќе се донесат голем број важни одлуки поврзани со идните европски натпреварувања.
Седницата ќе се одржи во главниот град на Албанија од 14 до 17 часот, а најголемо внимание се посветува на изборот на градови и стадиони кои ќе бидат домаќини на финалните натпревари од Европските купови во 2027 година.
УЕФА објави дека веднаш по состанокот ќе биде објавено каде ќе се играат финалињата на Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, како и каде ќе се одржи финалето на Лигата на шампионите за жени во истата година. Покрај тоа, ќе се донесат одлуки за домаќините на финалните турнири од јуниорските репрезентативни категории, како и за футсал натпреварите за двата пола.