Грејс Гејоро го собори рекордот за најскап женски трансфер

Англискиот клуб Лондон Сити ја направи француската интернационалка Грејс Гејоро најскапата фудбалерка во историјата, ангажирајќи ја од редовите на Пари Сен Жермен за рекордни 1,4 милиони фунти (1,89 милиони долари).
Цената што ја плати тимот од англиската женска Суперлига ја надминува сумата од 1,5 милиони долари (1,1 милион фунти) колку што издвои американски Орландо за мексиканската фудбалерка Лизбет Овале минатиот месец.
Женскиот фудбал од почетокот на оваа година четири пати го соборуваше трансфер рекордот, откако Челзи плати 900.000 фунти за Наоми Гирма во јануари, пред Арсенал да плати еден милион фунти за да ја донесе Оливија Смит од Ливерпул во јули.