Арсенал го пријави 15-годишниот Дауман во ЛШ

Арсенал го објави својот состав за групната фаза од Лигата на шампионите. Импресивно е што 15-годишниот офанзивен играч од средниот ред Макс Дауман е вклучен во проширениот состав на „топџиите“.
Младиот играч дебитираше во Премиер лигата на мечот со Лидс во второто коло а една недела подоцна запиша минути и во големото дерби против Ливерпул.
Доколку Дауман се појави на натпревар до крајот на декември, тој ќе стане најмладиот играч што дебитирал во Лигата на шампионите. Рекордот го држи играчот на Борусија Дортмунд, Јусеф Мукоко, кој дебитираше на 16 години и 18 дена.