Ориги не сака раскин, го сака и последното евро од Милан

Медиумите од Италија пренесуваат дека Дивок Ориги одбил на взаемна согласност да го раскине договорот, напаѓачот ќе го цеди до крај Милан и без да игра ќе си „лапне“ плата од 4 милиони евра.

Дивок Ориги пристигна на Сан Сиро летото во 2022, со оглед на тоа дека пристигна беспари, доби богат договор со плата од 4 милиони евра по сезона.

Но напаѓачот не се снајде во Калчото и сега е голем товар на буџетот на Милан.

Минатата сезона не одигра ниту еден натпревар, едно време никој не знаеше каде е тој, одредени луѓе велеа дека го виделе во Рим, други пак го виделе во Фиренца.

„Росонерите“ ова лето се обидоа да раскрстат со Дивок Ориги и му понудија на взаемна согласност да го раскинат договорот.

Но на напаѓачот не му се допаднала компензацијата која му била понудена, па тој во моментов останува на ставот во целост да си го одработи договорот до 30. јуни 2026 и да си „лапне“ нови 4 милиони евра.