Мурињо со убедлива гостинска победа се врати во португалскиот фудбал

Жозе Мурињо по четврт век се врати на клупата на Бенфика и со победа го започна вториот мандат.

Бенфика забележа гостинска победа кај АФС со 0-3.

Првите два гола Бенфика ги постигна од пенали. Судаков беше стрелец во судиското продолжение од првото полувреме, а Павлидис во 56. минута.

Потоа Мурињо побара од своите играчи трет гол, односно гол од игра. Фрањо Ивановиќ го постигна во 64. минута по асистенција од Павлидис. Тоа беше само причината Жозе да биде задоволен и тој гол го прослави со шутирање „нешто“ на клупата.