Одлучи моќното данско второ полувреме, пелистерци загубија од полетниот ГОГ Гудме

Еурофарм Пелистер тргна максимално мотивирано и без нималку респект против данскиот вицешампион ГОГ Гудме. Избраниците на Рубен Гарабаја доминитаа по 20-тина минути игра, но во продолжение дојде до неочекуван пад во играта. Еурофарм Пелистер во два наврати имаше „плус“ пет на семафорот во првото полувреме и последен пат тоа беше при резултат 10-5. Сепак, ГОГ Гудме направи серија од 2-6 во завршната фаза од првиот дел и на пауза замина со 14:14.

Гостите од Данска продолжија во ист ритам и постигнаа уште три гола во низа на стартот на вториот дел, па многу брзо се одлепија и на „плус четири“, по што стана јасно дека моментумот се префрлува во противничкиот табор. И покрај тоа, Пелистер не се откажа и се врати на минимална негатива од 23-24, но тоа беше последна ваква фаза од мечот, бидејќи домашните ракометари останаа и без енергија во финишот. ремето полека истекуваше и стана јасно дека гостите ќе ги освојат бодовите, па на крајот тоа го направија со резултат 28-31.

Неверојатна партија имаше гостинското крило Фредерик Бјере кој имаше максимални 13 од 13 гола, а Дејан Манасков кај битолчани даде девет. Кај голманите Салах Бутаф од ГОГ забележа осум интервенции, додека дуото на пелистерци Митревски-Хаидаридад забележаа по три.

Во следното четврто коло од групната фаза Еурофарм Пелистер гостува кај Висла Плоцк на 8 октомври.