Уапсени преку сто тифози на Рома во Ница

Повеќе од сто навивачи на Рома беа уапсени во Ница, поради обид да предизвикаат инциденти во градот пред фудбалскиот натпревар меѓу двата клуба во Лигата на Европа.

Како што објави „RMC Sport“, безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале кон стариот град во Ница. Полицијата запленила железни шипки и месингани боксерки.

Префектурата Ница соопшти дека уапсила 102 лица, идентификувани како „вооружени ултраси на Рома“.

„Полицијата ги запре тие лица и го заплени целото оружје“, се вели во соопштението.