Италија рутински во полуфиналето на одбојкарскиот Мундијал

Машката одбојкарска репрезентација на Италија обезбеди место во полуфиналето на Светското првенство што се одржува на Филипините, откако во четвртфиналето во Пасеј Сити убедливо ја совлада Белгија со 3-0 во сетови (25-13, 25-18, 25-18).

Најзаслужен за победата кај Италијанците беше Роберто Русо со 12 поени, додека Алесандро Микелето додаде уште 11. Кај Белгијците, најрасположен за игра беше Фере Регерс со 13 поени.

Италија во полуфиналето закажано за 27 септември ќе се сретне со победникот од денешниот дуел меѓу Полска и Турција.