Салиба останува во Арсенал со нов долгорочен договор

Вилијам Салиба ќе го продолжи престојот во Арсенал. Стигнаа до заедничко мислење за нов долгогодишен договор. Францускиот дефанзивец, кој стана клучен дел од одбраната на Артета, наводно е задоволен од подобрената понуда што клубот ја испрати. 

Разговорите добија интензитет во последните недели, откако Арсенал посака брзо да ја затвори ситуацијата, имајќи го предвид интересот од Реал Мадрид. Одлуката на Салиба да остане ја нагласува неговата верба во проектот и амбициите на клубот. 

Двете страни ги финализираат последните детали, а официјалната објава се очекува во наредните денови. Договорот е важен чекор за Арсенал во обидот да изгради стабилен тим за борба на највисоко ниво.