Поените за Златната Топка изјавени

Усман Дембеле ја освои Златната топка за 2025 година со убедливи 1.380 поени, крунисувајќи ја историската сезона со Пари Сен Жермен во која го предводеше клубот до тројна круна. Французинот стана шестиот играч од својата земја што ја добил оваа престижна награда.
Младиот талент на Барселона, Ламин Јамал, заврши втор со 1.059 поени, неверојатен успех за 18-годишниот кој истовремено го освој својот втор Копа Трофеј, признание за најдобар млад фудбалер под 21 година.
Гласањето го спроведоа новинари од 100 земји рангирани од ФИФА. Дембеле доминираше во Африка и Азија, каде неговото влијание во успехот на ПСЖ беше неприкосновено. Во Европа гласовите беа повеќе поделени, со значителна поддршка за зрелиот настап на Јамал во дресот на Барселона. Јужноамериканските новинари пак, ги фаворизираа имињата како Витња и Рафиња.
Витња заврши трет со 703 поени, пред Мохамед Салах (657) и Рафиња (620). Но најголемата сензација дојде со податокот дека ниту еден новинар не го ставил Рафиња на првото место во својот список. И покрај историската сезона.
Во топ десет се најдоа уште Ашраф Хакими, Килијан Мбапе, Кол Палмер и Џанлуиџи Донарума, сите со силно влијание и на клупско и на репрезентативно ниво.