Милевски повика 26 фудбалери за Белгија и Казахстан

Rепрезентацијата на Македонија влегува во завршната фаза од квалификациите за Светското првенство 2026 што ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Во октомври не очекуваат два клучни натпревари, најпрво гостувањето кај Белгија во Гент, а потоа и дуелот со Казахстан во Скопје, во пресрет на ноемвриската завршница на циклусот за пласман на Мундијалот.

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот без поголеми изненадувања. Од комбинација отпаднаа повредениот Лирим Ќамили и Димитар Митровски, а повратник е Давид Бабунски од редовите на Вардар.

Во составот на Македонија се следните 26 фудбалери:

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дејан Илиев (УТА Арад, Романија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Игор Алексовски (Фљамуртари, Албанија);

Одбрана: Висар Муслиу (Сент Тројден, Белгија), Никола Серафимов (Левски Софија, Бугарија), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Андреј Стојчевски (Словачко, Чешка), Дарко Велковски (Зрињски, БиХ), Стефан Деспотовски (ОФК Београд, Србија), Бојан Илиевски (Струга Трим Лум), Стефан Ашковски (Раднички Ниш, Србија);

Среден ред: Енис Барди (Коњаспор, Турција), Јани Атанасов (Лариса, Грција), Елиф Елмас (Наполи, Италија), Исник Алими (Далиан Јингбо, Кина), Лука Станковски (Раднички Крагуевац, Србија), Тихомир Костадинов (Сигма Оломуц, Чешка), Решат Рамадани (Шкендија);

Напад: Бојан Миовски (Глазгов Ренџерс, Шкотска), Милан Ристовски (Бохемианс 1905, Чешка), Дарко Чурлинов (Кочаелиспор, Турција), Александар Трајковски, Давид Бабунски (Вардар), Елмин Растодер (Тун, Швајцарија);